сабота, 24. февруари 2024. Вести денес: 0
home Регион

Црна Гора: УРА поднесе кривична пријава против Државната изборна комисија

Црна Гора: УРА поднесе кривична пријава против Државната изборна комисија

Пратеници од парламентарното мнозинство во Црна Гора денеска поднесоа кривична пријава до Специјалното државно обвинителство (СДТ) против членовите на Државната изборна комисија (ДИК), објави Граѓанското движење УРА предводено од Дритан Абазовиќ.

Според нив, кривична пријава е поднесена затоа што ДИК одбил да го верификува мандатот на пратеничката од тоа движење, Суада Зороњиќ.

Пријава е поднесена против претседателот на ДИК, Алекса Ивановиќ, неидентификувани лица и организатори, како што велат, „криминални организации, поради постоење основано сомнение дека сториле кривични дела со создавање криминална организација и злоупотреба на службената положба, како и други кривични дела“, пренесува Танјуг.

Тие потсетуваат дека Парламентот на Црна Гора ја информираше ДИК дека на четвртата седница на Втората редовна (есенска) сесија, на 28 декември, констатирала престанок на мандатот на пратеникот Филип Аџиќ од изборната листа на коалицијата Црно на бело, со што му престана пратеничката функција, поради што беше потребно да се спроведе постапка за пополнување на испразнетото пратеничко место во согласност со Законот за избор на одборници и пратеници.

Тие наведуваат дека членовите на ДИК, наместо да ја констатираат фактичката состојба и да го информираат Собранието за тоа, со цел да функционира во полн капацитет во согласност со неспорната изборна волја на граѓаните на Црна Гора, станале „членови на криминална организација …“, објави порталот РТЦГ.