петок, 15. декември 2023. Вести денес: 0
home Регион

Дадилката на Коста повторно е сослушана: Многу е чудно што тврди дека за оваа работа НЕ ЗНАЕЛА НИШТО

Дадилката на Коста повторно е сослушана: Многу е чудно што тврди дека за оваа работа НЕ ЗНАЕЛА НИШТО

Дадилката на Коста Кецмановиќ (13) повторно била сослушана бидејќи имало повеќе недоследности во нејзиниот исказ.

Повторно беше сослушанададилката на момчето-убиецот Коста, кој го изврши масакрот во ОУ „Владислав Рибникар“, кога уби девет деца и еден работник од обезбедувањето на оваа образовна институција.

Според неофицијални информации, дадилката која го чувала Коста од неговиот 11-ти месец до крвавиот шир, немала информација дека момчето воопшто знаело да пука.

-Дадилката рече дека иако поминала 12 и пол години со него и мислела дека го знае најдобро од сите, била во шок поради масакрот што го извршило момчето, вели извор од порталот Republika.rs кој е близок до истрагата.

Како што понатаму наведува изворот,  таа нагласила дека нема сознанија дека момчето знаело да пука.

-Никогаш не го видела со оружје, ниту знаела дека оди на стрелиште и знае да употреби оружје. Не ни забележа дека го интересира истото, вели изворот.

Според сознанијата, жената понатаму изјавила дека Коста бил примерно момче, со добри манири.

-Таа го опиша Коста како вредно и паметно дете кое никогаш не правело проблеми. Бил одличен ученик и имал спортски воннаставни активности, вели изворот.

Како што пренесуваат порталите, бебиситерката негирала дека знаела дека таткото на Кост го учи момчето да пука.

Инаку, дадилката на Коста К. кон крајот на мај била сослушана во полиција, каде што детално раскажала се што знае за неговото воспитување и навики. Таа се грижела за Коста од кога момчето имало само 11 месеци до пред неколку години и во тој период поминувала повеќе време со него отколку неговите родители.