четврток, 23. ноември 2023. Вести денес: 0
home Регион

„Државата не може да го казни Коста Кецмановиќ за масовното убиство“, еве што вели адвокат на жртвите

„Државата не може да го казни Коста Кецмановиќ за масовното убиство“, еве што вели адвокат на жртвите

На 3-ти мај во основното училиште „Владислав Рибникар“ во Србија се случи масакр што го изврши ученик (14) од седмо одделение, при што загинаа девет деца и еден чувар.

Тој кобен ден, во 8 часот и 40 минути, влегол во училиштето со ранец и два пиштоли, пукал во обезбедувањето, потоа во девојчињата кои ги затекнал во ходникот, а потоа влегол во својот кабинет по историја и ги убил соучениците во училницата.

Зора Добричанин Никодиновиќ, која го застапува семејството на една од жртвите на момчето-убиец, вели дека државата не може да го казни момчето за масакрот.

-Нема како да го казни! Тој е сместен само во здравствена установа, а тоа ќе трае се додека има потреба. Може да трае вечно, зависи од проценката на експертот, вели таа.