Ниту првиот ден од ноември не ги исплаши жителите на Сплит да ја окупираат плажата Бачвице.
„24сата.хр“ објави видео на кое се гледа дека плажата е полна со луѓе, а голем дел се влезени и во морето да и уживаат.
Хрватскиот метеоролошки завод соопштил дека денеска највисоката температура на воздухот ќе биде меѓу 21 и 26 Целзиусови степени, додека повисока ќе биде во внатрешноста на Далмација.
Летната атмосфера владее и на плажите на Макарска, а топлото време ќе трае до крајот на неделата.