Косовската влада ја усвои денеска одлуката за засолнување на 20 новинари и на нивните потесни семејства, поради хуманитарната криза предизвикана од руската агресија врз таа држава, јави дописникот на МИА од Приштина.
Со одлуката, како што информира косовскиот министер за внатрешни работи, Џељаљ Свечља, се предвивдува на новинарите да им се обезбедат и услови за вршење на нивната професионална работа.
– Ова е морална обврска која Косово ја има кон тие луѓе кои се загрозени од руската агресија, изјави Свечља, нагласувајќи дека на новинарите и нивните семејства им се нуди целосна институционална заштита.