сабота, 2. декември 2023. Вести денес: 0
home Регион

Мајката на Коста Кецмановиќ сакала да го посети, тој одбил да ја види – откриени детали

Мајката на Коста Кецмановиќ сакала да го посети, тој одбил да ја види – откриени детали

Коста Кецмановиќ (14), момчето кое на 3 мај уби девет ученици и чуварот на основното училиште „Владислав Рибникар“ во Белград, речиси пет месеци е во затворен дел на Клиниката за неврологија и психијатрија на Клиничкиот центар на Србија.

Таму бил сместен затоа што, кога го извршил делото, имал 13 години и бил кривично неодговорен, односно не можел да биде префрлен во притвор.

Како што дознава Република.рс, на гости му дошла мајка му Миљана Кецмановиќ, но тој не сакал да ја види.

-Кога лекарите му кажале дека мајка му дошла да го посети, тој бесно почнал да завива и да вели дека не сака да ја види. Беше толку лут што не сакаше ниту да го прифати пакетот што таа му го донесе. Кецмановиќ слушнала викање додека чекала во ходникот, а потоа вработените и рекле дека синот ја одбива посетата, па таа се свртела и без збор си заминала дома. Лекарите кои работат на преглед на монструозното момче биле изненадени од реакцијата на Коста, изјави за Република извор близок до болницата.