сабота, 2. декември 2023. Вести денес: 0
home Регион

Монструмот Коста ќе продолжи со настава? Родителите на убиените деца се очајни, наставниците во страв!

Монструмот Коста ќе продолжи со настава? Родителите на убиените деца се очајни, наставниците во страв!

Директорот на ОУ „Д-р Драган Херцог“, академскиот сликар Зоран Алексиќ, за српскиот портал Република призна дека на наставниците од таа установа ќе им биде тешко да работат со Коста Кецмановиќ доколку лекарите проценат дека тој е способен за на училиште.

Зоран Алексиќ, директорот на училиштето во кое Коста Кечмановиќ ќе посетува осмо одделение, вели дека неговите колеги се професионалци и дека тимски ќе пристапат кон едукација на овој повеќекратен убиец сместен на Клиниката за невропсихијатрија за деца и млади, дури и иако веќе знаат дека задачата е тешка.

-Колку и да сме професионални сите на нашето работно место, сите ние сме првенствено луѓе од крв и месо и со душа. Бевме погодени од страшниот настан што се случи во училиштето во Врачар, па не е лесно да се пристапи кон образованието на тој ученик кога како наставник го имате во глава, но тоа е наша задача. Се случи големо зло и последиците се катастрофални. Ова е преседан за сите нас и длабоко сочувствувам со семејствата на убиените деца. Како родител и како воспитувач сум длабоко потресен, изјави Алексиќ за Република.

Остануваат уште десет дена до почетокот на учебната година, а постапката за официјално запишување на момчето-убиец во ново училиште треба брзо да заврши. Иако директорот на тоа училиште сè уште не знае по кој модел малолетниот убиец ќе го продолжи основното образование по одлука на лекарскиот тим, од Република дознаваат дека се разгледува можноста тој да ја следи наставата индивидуално и од далечина бидејќи неговата состојба и ситуација не дозволуваат голем број наставници да дојдат во неговата соба, а особено на Кецмановиќ не смее да му се дозволи да се меша со други деца за време на часовите.

Родителите на жртвите очајни: Ни ги уби децата, зошто има право на образование?

Родителите и семејствата на деветте убиени деца и училишниот чувар се револтирани од сите вести за продолжување на образованието на убиецот.

– Па дали треба да се дообразува и за што треба да се подготвува? Тој има право на образование, но што е со деветте убиени деца, зарем тие го немаа истото право, прашуваат неутешените.