понеделник, 11. декември 2023. Вести денес: 0
home Регион

Надминат просекот на врнежи во ноември во Црна Гора

Надминат просекот на врнежи во ноември во Црна Гора

Врнежите од дожд предизвикаа голем број проблеми во општини во Црна Гора во изминатите неколку дена, а меѓу најпогодените е Никшиќ, каде  водостојот на горниот тек на реката Зета е со рекордно високо ниво.

-Најмногу врнежи од дожд, според податоците на нашите метеоролошки станици, има во централниот, западниот и северозападниот дел на нашата земја – Подгорица, Никшиќ, Жабљак, Колашин, Херцег Нови, изјави синоптичарот Драган Буриќ за ТВЦГ.

Станува збор за екстремни врнежи од дожд.

– Во Подгорица, во изминатите 3-4 дена наврнаа вкупно 375 литри дожд на метар квадратен, а просекот за целиот месец е околу 238 литри. Месечниот просек е надминат на подрачјето на Колашин и Жабљак, како и Шавник, каде досега наврнаа 466 литри дожд, а просекот за ноември е околу 274 литри, рече Буриќ.

Што се однесува до водостоите најкритично е во подрачјето на горниот тек на реката Зета, во Никшиќкото поле, но и водостојот на Морача е во доменот на големи води.

-Пред два дена беше соборен рекорд за нивото на водата на Зета. Во горниот дел на реката, беше измерен водостојот од 257 см, а досега рекордот беше 243 см, рече Буриќ.

И во наредните денови, во Црна Гора се очекува нестабилно време.