петок, 22. декември 2023. Вести денес: 0
home Регион

Ова е првата земја од регионот која планира да ги укине сите мерки против коронавирусот

Ова е првата земја од регионот која планира да ги укине сите мерки против коронавирусот

Црна Гора денеска трет ден по ред нема ниту еден нов случај на коронавирус, а бројот на излекувани е поголем од бројот на активни случаи.

Според податоците на здравствените власти, од 17 март, кога е потврден првиот случај, регистрирани се 312 случаи на Ковид-19, а излекувани се 189.

Епидемиологот Сенад Бегиќ најави помасовно тестирање во сите општини.

Од 4 мај во Црна Гора ќе почне втората фаза на ублажување на мерките, која предвидува отворање на фризерниците и козметичките салони, фитнес центрите, книжарниците и стоматолошките ординации.