среда, 6. март 2024. Вести денес: 0
home Регион

Оваа балканска земја е меѓу најскептичните за вакцинирање против Ковид-19 во Европа

Оваа балканска земја е меѓу најскептичните за вакцинирање против Ковид-19 во Европа
МИА

Нешто повеќе од една петтина од хрватските граѓани изјавиле дека не сакаат да се вакцинираат против Ковид-19, со што Хрватска е една од првите неколку земји во ЕУ, според резултатите на Евробарометар.

На прашањето кога би се вакцинирале ако властите одобрат вакцина против Ковид-19 и ако е достапна – 22 проценти од испитаниците во Хрватска одговориле „никогаш“.

Најголем број на такви одговори е забележан во Кипар (26 проценти), Летонија (23 проценти) и Хрватска, Бугарија и Франција со по 22 проценти.

Една петтина, или 20 проценти од испитаниците во Хрватска изјавиле дека ќе вакцинираат што е можно поскоро или веќе биле вакцинирани, 27 проценти рекле дека ќе се вакцинираат оваа година, а 30 проценти подоцна.

Најмалку скептични во однос на вакцинацијата има во Данска (2 проценти), Ирска, Шведска и Малта по 4 проценти, а во Португалија 5 проценти.

Анкетата беше спроведена во февруари и март од сите 27 земји-членки.

Повеќе од половина од Хрватите, 55 проценти, се задоволни од мерките преземени од Европската унија за борба против пандемијата на коронавирусот.

Најмалку се задоволни во Грција (31 процент), Франција (32 проценти) и Германија (33 проценти). Најзадоволни се во Данска (68 проценти), Литванија (67 проценти) и Португалија (66 проценти).

Еврото има најголема поддршка во Португалија (95 проценти), Словенија (94 проценти) и Ирска (91 процент). Еврото има најниска поддршка во Шведска (25 проценти), Данска (32 проценти), Полска (34 проценти) и Чешка и Бугарија по 40 проценти.

Осумдесет и седум отсто од Хрватите ја оценуваат економската состојба во нивната земја како „целосно лоша“ и 13 проценти како целосно добра. Повеќе незадоволни од Хрватите се Грците и Португалците, од кои 90 проценти ја оценија економската состојба во нивната земја како целосно лоша, по што следат Шпанците со 91 процент и Италијанците со 93 проценти.

Најзадоволни се во Луксембург, каде 86 проценти од испитаниците ја оценија економската состојба како целосно добра, следена од Шведска (81 процент) и Данска (71 процент).

Само шест проценти од Хрватите веруваат дека хрватската економија ќе се опорави од ефектите на пандемијата оваа година, 20 проценти сметаат дека тоа ќе се случи следната, во 2022 година и 57 проценти во 2023 година или подоцна.

Во сите земји-членки, мнозинството од испитаниците изјавиле дека очекуваат закрепнување во 2023 година или подоцна – помеѓу 44 и 82 проценти. Многу помал дел очекува закрепнување следната година, помеѓу 10 и 31 процент.

Повеќето Хрвати сметаат дека европскиот план за закрепнување од 750 милијарди евра на Европа е ефективен одговор на економските последици од корона-кризата и – 68 проценти од Хрватите го оценуваат овој инструмент како „многу ефикасен“ и „доста ефикасен“. Малта е пред Хрватска (83 проценти), а на другата страна се Финска со 42 проценти, Франција со 45 проценти и Летонија со 47 проценти.

Нешто повеќе од половина од Хрватите, 51 процент, имаат доверба во ЕУ, а 44 проценти не.

Португалија (78 проценти), Ирска (74 проценти) и Литванија (70 проценти) имаат најголема доверба во ЕУ. (МИА)