четврток, 30. ноември 2023. Вести денес: 0
home Регион

Пола население во Кипар целосно вакцинирано

Пола население во Кипар целосно вакцинирано

Повеќе од половина граѓани, односно 50,2 отсто од населението во Република Кипар е целосно вакцинирано, додека пак 64,6 проценти примиле најмалку една доза, со што, како што соопштија од Министерството за здравство, постигната е првата цел за вакцинација на 65 отсто од населението со најмалку една доза од вакцината во првата половина од годината, јави дописничката на МИА од Атина.

Во однос на старосните групи, најголем е одѕивот кај лицата на над 70-годишна возраст, односно 91,7 отсто од граѓаните меѓу 70 и 79 години примиле најмалку една доза и 92,2 проценти од оние над 80 години.

Од вчера, отворена е платформата за пријавување и закажување термин за вакцинација за децата над 16 години.