понеделник, 11. декември 2023. Вести денес: 0
home Регион

Рама на пензионерите ќе им забрани да излегуваат од дома

Рама на пензионерите ќе им забрани да излегуваат од дома

Албанскиот премиер Еди Рама,откако од вечерва по 18:00 часот, забрани движење на граѓаните пеш по улици, седење по паркови и на други јавни површини,најави дополнителни заслени мерки.

„Се подготуваме да донесеме одлука за целосна забрана пензионерите да излегуваат од дома, се додека оваа војна не заврши! Не можеме да чекаме на совеста на ова малцинство кое продолжува да ги предизвикува правилата, додедувајќи ги во многу голема опасност и себе си и другите,напиша на социјалните мрежи Рама,кој како што наведува и самот е во самоизолација.

Посочува дека пензионерите со храна и лекови треба да ги снабдуваат нивните деца,додека оние чии деца не живеат во истиот град,ќе бидат опслужени од државата преку заедничките екипи на општините и владата.

-Ги замолувам сите синови и ќерки на постари родители, направете го невозможното и задржете ги вашите вашите мајки и татковци, вашите баби и дедовци! Да ги оставите да излезат од дома е еднакво како да им ја отвораш вратата да учествуваат на некое бомбардирање!порачува Рама. (МИА)