Во Обреновец, Република Србија, дошло до тепачка меѓу таткото Д.М.(46) и синот(17), која завршила трагично.
Тепачката се случила во 21:45 часот, по што повредениот човек починал, пренесува српски Телеграф.
Неофицијално, во еден момент таткото се сопнал и со главата удрил во тротоарот.
Потоа изгубил свест. Лекарите на Брзата помош можеле само да констатираат смрт.
-Неговиот син и сопруга тврдат дека Дејан се сопнал и сам паднал. На полицајците им кажале дека кучето го сопнало и дека при падот удрил во тротоарот. Засега полицијата дознава дека таткото и синот се скарале и се степале на улица, дека Дејан по тепањето паднал и ја удрил главата во бетон. После тоа изгубил свест и починал, вели соговорник близок до истрагата.
Сепак, на телото ќе се прави обдукција.