четврток, 16. ноември 2023. Вести денес: 0
home Регион

Словенец се вакцинирал дури 23 пати против коронавирус

Словенец се вакцинирал дури 23 пати против коронавирус

Словенечките медиуми вчера објавија афера во врска со вакцинацијата против коронавирус, затоа што наводно поединци наплаќале да се вакцинират во туѓо име. Станува збор, за бездомници или лица со послаба материјална состојба, притоа на тој начин обезбедувајќи за себе еден вид на егзистенција.

Словенечкиот портал Дело.си објави дека на Клиниката за заразни болести во Љубљана, зависник од хероин се вакцинирал дури 23 пати во име на други лица кои што не сакале да се вакцинират, но на овој начин се обезбедиле со документ за вакцинација.

Момче кое што било вакцинирано четири пати, тврди дека во Словенија потрагата по лица кои ќе се вакцинират во туѓо име постои уште од мај месец.

Како што пишува порталот Дело, ваквиот пропуст фрла сомнеж на начинот на кој се врши проверката на личноста која се вакцинира.

Надлежните во словенија се уште не се огласиле за ваквите наоди во медиумите, а се очекува приказната да добие продолжение во следните денови.