Во Белград како последица на коронавирусот почина таткото на министерот за внатрешни работи на Србија, Небојша Стефановиќ, Бранко Стефановиќ.
Како што пренесуваат белградските медиуми, таткото на министерот ја изгуби битката коронавирусот во белградската болница „Драгиша Мишовиќ“.
Тој бил хоспитализиран веќе неколку дека и се наоѓал во исклучително тешка состојба.