Во Бугарија во последните 24 часа се регистрирани 21 нов случај на заразени со вирусот Ковид-19, со што вкупниот број изнесува 1.632, соопшти Националниот кризен штаб.
Во последното деноноќие се тестирани 527 луѓе, а од почетокот на пандемијата се направени 49.145 тестови.
Од Кризниот штаб наведуваат дека наредните две недели ќе бидат клучни и дека врз основа на податоците од овој период ќе се одлучи дали преземените мерки се ефикасни и кои следни чекори ќе се преземат.