петок, 2. февруари 2024. Вести денес: 0
home Регион

Во Црна Гора ревакцинирано 37,4 отсто од возрасното население

Во Црна Гора ревакцинирано 37,4 отсто од возрасното население

Во Црна Гора, прва доза на вакцина против коронавирус досега примиле 44,1 проценти од возрасната популација, а ревакцинирани се 37,4 проценти.

Досега се дадени 372.949 дози вакцина против коронавирус.

Првата доза на вакцината против коронавирус ја примиле 201.841 лице или 32,6 проценти, а втората 171,108 или 27,6 проценти од вкупното население.

Во последните 24 часа во Црна Гора, 1.437 лица ја примиле првата доза од вакцината, а 1.247 граѓани биле ревакцинирани.

Масовната вакцинација против Ковид-19 во Црна Гора започна на 4 мај. (МИА)