недела, 12. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Џил Бајден позитивна на коронавирус

Џил Бајден позитивна на коронавирус

Првата дама на САД, Џил Бајден е позитивна на Ковид-19, објави вчера Белата куќа.

-Оваа вечер, првата дама беше позитивна на Ковид-19. Таа моментално има само благи симптоми. Ќе остане во нивниот дом во Рехобот Бич, Делавер, стои во соопштението од Белата куќа, и се додава дека претседателот Џо Бајден не е позитивен.

Во овој момент нема промени во протоколите за Ковид во Белата куќа или во распоредот на претседателот, изјави пртеставник на администрацијата за Си-ен-ен.

Минатото лето и првата дама и претседателот Бајден беа позитивна на Ковид-19 и двајцата закрепнаа по појава на благи симптоми на болеста.