петок, 10. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

И покрај силниот бран на омикрон Холандија ги олабавува мерките: Се отвараат ресторани, театри, музеи…

И покрај силниот бран на омикрон Холандија ги олабавува мерките: Се отвараат ресторани, театри, музеи…

Холандија од денеска отвора ресторани, театри, музеи и кина и покрај силниот бран на инфекции со варијантата омикрон на коронавирусот, објави холандскиот премиер Марк Руте.

Кафулињата и рестораните, како и местата кои нудат културни содржини, ќе бидат отворени до 22 часот, но со рестриктивни мерки како задолжително носење маски и докази за вакцинација.

Исто така, ќе и овозможи на јавноста повторно да учествува во спортски настани како фудбалски натпревари. Мерката за затворање продавници беше укината минатата недела, откако беше наметнато строго затворање на 18 декември. Притисокот врз владата да ги укине рестриктивните мерки беше огромен, пишува „Телеграф“.