вторник, 7. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Најголем број заразени со корона во Кина во последните три месеци

Најголем број заразени со корона во Кина во последните три месеци

Во Кина се регистрирани повеќе од 2.400 лица заразени со коронавирус, што е најголем број за повеќе од три месеци, објави Националната здравствена комисија. Ова е највисока бројка од 12 мај.

Според кинеските здравствени власти, четвртина од заразените не покажуваат никакви симптоми. Кина продолжува да спроведува политика на нулта стапка на ковид, со масовно тестирање по избувнувањето и воведување на заклучување.

Мерките го држат вирусот под контрола од втората половина на 2020 година, но стратегијата е доведена во прашање поради многу заразната варијанта омикрон. Редовните карантини ја парализираат втората по големина економија во светот и предизвикаа остар пад особено на домашниот туризам.

Десетици илјади туристи се блокирани на јужниот кинески туристички остров Хаинан, кој во моментов има најголем број заразени лица во земјата.