понеделник, 6. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Трамп и Ким ќе се сретнат во луксузен хотел на сингапурски остров

Трамп и Ким ќе се сретнат во луксузен хотел на сингапурски остров

Американскиот претседател Доналд Трамп и лидерот на Северна Кореја Ким Џонг Ун ќе се сретнат на 12 јуни во луксузен хотел на островот Сентоса во Сингапур, соопшти Белата куќа.

Портпаролката на Белата куќа, Сара Сандерс им се заблагодари на домаќините од Сингапур за гостопримството.

Трамп претходно го откажа состанокот со Ким, но подоцна е одлучено тој сепак да се одржи на 12 јуни.