четврток, 14. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Во оваа африканска земја нема случај на коронавирус, но мерките на заштита продолжуваат

Во оваа африканска земја нема случај на коронавирус, но мерките на заштита продолжуваат

Лесото, едно од двете африкански држави во кои нема регистрирано ниту еден случај на Ковид-19, ги продолжи мерките за сузбивање на пандемијата за уште две недели.

Премиерот на Лесото, Том Табане изјави дека мерката за ограничено движење, воведена на 30 март ќе биде продолжена до 5 мај, со цел да се заштитат 2,1 милиони жители на земјата.

Лесото нема сопствени капацитети за тестирање и 24 примероци испрати во Јужна Африка, каде се регистрирани најголем број на заболени од новиот коронавирус на континентот – 3.465.