Надворешната канцеларија за криминалистички работи Гостивар поднесе кривична пријава против Н.А.(39) од село Врапчиште, гостиварско за сторено кривично дело “загрозување на сигурноста“.
-На 07.12.2018 година околу 22,00 часот, пријавениот, преку телефон, упатувал закани по животот кон 52 годишно лице од село Добридол, судија во Апелационен суд Гостивар, поради претходно донесена судска пресуда од страна на истиот, информираат од МВР.