понеделник, 6. ноември 2023. Вести денес: 0
home Хроника

Драма во Куманово: Со секира ѝ искршил прозорци од домот, па се заканувал дека ќе ѝ ја запали куќата

Драма во Куманово: Со секира ѝ искршил прозорци од домот, па се заканувал дека ќе ѝ ја запали куќата

Секторот за внатрешни работи Куманово поднесе кривична пријава против кумановецот З.Н.(39) поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „насилство“.

На 22 декември 2017 година околу 18:00 часот во Куманово на улица „15-ти Мај“, пријавениот, додека И.К. од Куманово била во нејзиниот дом, влегол во дворот и со секира искршил два прозорци, при што и упатил закани дека ќе ја запали куќата, а потоа си заминал.