понеделник, 6. ноември 2023. Вести денес: 0
home Хроника

Полесно повредено детето велосипедист удрено од автомобил кај „Мајчин дом“

Полесно повредено детето велосипедист удрено од автомобил кај „Мајчин дом“

Детето велосипедист кое вчера беше удрено од автомобил на улицата „Васко Карангелевски“, кај „Мајчин дом“, минало со полесни повреди.

Од полицијата денес информираат дека сообраќајната несреќа кај нив била пријавена околу 11:20 часот.

-Патничко возило „Нисан Микра“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Г.Ж.(50) од Скопје, удрило во велосипед управуван од 12-годишно момче од Скопје. Од ударот детето се здобило со повреди и со возилото на возачот било пренесено во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“, каде му била укажана лекарска помош, информираат од МВР.

Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Скопје.