сабота, 18. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Протест во повеќе бразилски градови против мерките за ограничување на движење

Протест во повеќе бразилски градови против мерките за ограничување на движење

Во поголемите градови во Бразил, стотици луѓе го блокираа сообраќајот во знак на протест поради мерките за изолација воведени за борба против пандемијата на коронавирусот, на кои, исто така, се спротивставува и претседателот на државата Жаир Болсонаро.

Демонстрантите во камиони, автомобили и моторцикли свиреа вчера со ссвирките по улиците Рио де Жeнеиро, Сао Паоло и Бразилија, барајќи гувернерите да поднесат оставка поради мерките што доведоа до повеќенеделно затворање на многу бизниси.

Претседателот Болсонаро е остар критичар на мерките за останување во домовите, оценувајќи дека економската штета може да биде полоша од самата болест.

Протестите се случија еден ден откако Болсонаро го разреши министерот за здравство, кој се залагаше за доследно спроведување на мерките за изолација.

Во Рио де Жанеиро околу 100 автомобили беа вклучени во блокада на патиштата и привремено ја затворија плажата Копакабана.