Италијански сладолед од кафе. Звучи неодоливо, нели? Направете сами!
Потребни состојки:
- 9 жолчки од јајце
- 200 грама шеќер
- 500 мл млеко
- 125 грама кафе
- 300 мл слатка павлака
Начин на подготовка:
- Мешајте ги жолчките и шеќерот додека не добиете кремаста смеса.
- Ставете ги млекото и кафето во сад на оган и чекајте смесата да почне да се вари, а потоа тргнете го садот настрана и почекајте да се излади десетина минути. Процедете го кафето и смесата истурете ја во садот со жолчките и шеќерот. Повторно мешајте додека да добиете хомогена смеса.
- Смесата што ќе ја добиете по мешањето ставете ја на оган на температура од 85 степени. Кога малку ќе се стопли тргнете ја од оган, повторно процедете и оставете да се излади. Потоа додајте ја слатката павлака и замрзнете ја смесата.