Во Црна Гора, 97 ученици и 92 наставници во основните и средните училишта се заразени со коронавирус, поради што отсуствуваат од наставата, соопшти Институтот за јавно здравје (ИЈЗ).
– Според податоците што ги добивме утрово од Министерството за образование, отсутни се вкупно деведесет и седум деца кај кои е утврдено присуство на новиот коронавирус, а бројот на отсутни наставници е 92. Има 558 ученици и 89 наставници кои биле во контакт со нив, се наведува во соопштението на ИЈЗ.