Играчот од средниот ред на Ливерпул, Емре Чан конечно одлучи да потпише петгодишен договор со Јувентус, објавија „Тутоспорт“ и „Газета дело Спорт“.
По неколку месеци размислување, германскиот репрезентативец даде позитивен одговор на понудата на шампионите на Италија и ќе се пресели во Торино без надоместок, бидејќи договорот со клубот од „Енфилд“ му истекува на крајот од сезоната.
Чан ќе добие плата од шест милиони евра за сезона и ќе биде еден од најплатените во тимот, заедно со Гонзало Игуаин (7,5 милиони) и Пауло Дибала (7 милиони).
Со овој потег, Германецот стави крај на шпекулациите за неговата иднина. Париз Сен Жермен и Баерн беа заинтересирани за неговите услуги, а Ливерпул правеше се за да го задржи, но 24-годишниот фудбалер го избра Јувентус.
Тимот од Торино продолжи да врши одлична работа и да привлекува многу респектабилни играчи без никаков надомест, како што беше случајот со Андреа Пирло, Пол Погба, Сами Кедира, Дани Алвеш, Патрис Евра, итн…
МИА