понеделник, 6. ноември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Руди Гарсија: Нема потреба да се срамиме од овој пораз

Руди Гарсија: Нема потреба да се срамиме од овој пораз

Тренерот на Олимпик Марсеј, Руди Гарсија, беше разочаран по поразот од Атлетико Мадрид (0:3) во финалето на Лигата на Европа, но тој смета дека неговите играчи не треба да се срамат од него, бидејќи изгубија од многу силен ривал.

– Ги пропуштивме нашите шанси во првото полувреме. Имавме одлични шанси да го отвориме, а набргу потоа направивме грешка која доведе до гол во корист на противникот. Среќата не беше со нас ниту во второто полувреме кога Митроглу погоди статива. Атлетико е одличен тим и нема потреба да се срамиме од овој пораз, рече Гарсија.

Тренерот на Марсеј кажа дека го презел ризикот да го стави во игра Димитри Паје, кој не беше во оптимална состојба пред натпреварот.

– Решив да го започнам натпреварот со Паје, кој е еден од нашите најдобри играчи. Сепак, тој не издржа, а без него не сме истиот тим.