Јувентус не може на друг начин. Старата Дама секое лето мора на некој начин да раздвижи трансфер пазарот , а овој потенцијален трансфер кој го најави миланскиот весник Кориере Дела Сера би можел да направи во фудбалски жаргон тектонско поместување на Апенините.
Јувентус наводно фрлил вистинска трансфер бомба кон Милано и понудил 50 милиони евра и Гонзало Игуаин за Мауро Икарди. Весникот исто така известува дека Јувентус побарал од адвокатската куќа која го претставува да ја анализираат клаузулата која го ослободува Икарди (110 милиони евра), која важи само од први до 15 јули и тоа само за странските клубови.
Овој весник наведува и дека Интер се согласил да преговара околу понудата, а своја дозвола дала и сопругата на Икарди, Ванда Нара, без која младиот голгетер и капитен на Интер нема да ја донесе конечната одлука за напуштањето на клубот.
Игуаин во Јувентус пристигна во текот на летото 2016 година, како голема трансфер бомба на преодниот рок за 94 милиони евра до Наполи. Тогаш Старата дама му зададе тежок удар на својот ривал за титулата, а сега слично ќе се обиде да му направи и на Интер. Игуаин имаше сезона под очекувањата, постигнувајќи 16 голови на 35 натпревари во Серија А, што е премалку за критериумите кои ги бара Јувентус.
Инаку, Аргентинецот кариерата ја има поминато во младинските категории на шпанските Весиндарио, Барселона, како и италијанскиот клуб Сампдорија, каде што ја започна и сениорската кариера. Тој за Сампдорија постигна 11 голови на 33 меча. Од клубот од Џенова пак замина во Интер, каде што е убедливо најдобар играч на тимот сега, а на 159 натпревари има 100 голови.
Иако тој зад себе имаше една одлична сезона, сепак селекторот на Аргентина се реши да не го стави на списокот патници за Светското првенство во Русија.
Погледнете ги сите голови на Икарди во текот на сезоната која е зад нас: