Кафето може да биде исклучително здраво за вашето тело. Неодамнешни истражувања покажале дека кафето кое содржи антиоксиданти го забрзува метаболизмот и го намалува ризикот од срцеви заболувања и дијабетес.
View this post on Instagram
И покрај тоа, знаеме дека кафето може да има и лоши ефекти, но еден гастроентеролог решил да сподели еден рецепт за здраво кафе кое има корисен ефект врз човечкото здравје. Тој вели дека покрај антиоксидантите, кафето содржи полифеноли кои се исклучително добри за цревата. Во своето кафе тој додава три зачини кои дополнително го зајакнуваат неговиот утрински пијалак – куркума, цимет и ѓумбир, а можете да додадете и млеко.
Ѓумбирот е полн со минерали и витамини и е одличен за варењето на храната. Некои истражувања покажале дека консумирањето ѓумбир може да го подобри согорувањето на калории и да го намали чувството на глад.
Циметот содржи антиоксиданти кои се одлични во борбата против дијабетес. Циметот е одлична замена за шеќерот затоа што му дава на кафето сладок вкус.
Куркумата е исклучително добра за здравјето на луѓето. Лековитите својства кои ги има можат да ја обноват мукозната мембрана на дебелото црево и е многу добар природен лек против гастритис, чиреви, депресија, деменција и многу други заболувања.