вторник, 7. ноември 2023. Вести денес: 0
home Колумни

Она, кога со „Монструм“ ќе потврдиш дека си монструм

Она, кога со „Монструм“ ќе потврдиш дека си монструм

Во оксиморонски најновата реприза од серијалот „Северни забеганости“ Рада гушкаше авиони, а епизодниот лик на политикантско-бизнисменскиот монструм повторно мрачно заблеска преку скаламуциите и пазарoт со Гаши за „Монструм“ и „Диво насеље“. Она, колку да не заборавиме со каква антимакедонска дилајла си имаме работа. Поачик здравје, особено кога преку Монструм ќе покажеш дека си монструм, толку комуњарски плитко, евтино и забегано, ко и целата им направија на „С“…

Ако се присетите, истиот тој црпнат политикант направи некрофилско-политичка кариера токму врз садистичките лаги за Монструм, Малата  Тамара, Младенов, Нешковски и Диво насеље. Лага до лага, но очигледно, математиката на Зоран е едноставна. Мртвите не зборуват, па не можат ниту да те демантираат. Грда, бескруполозна муртинска логика, ама пустата „упали“ кај еден куп шаренолики биљмези, празноглавци кои беспоговорно и без трунка сомнеж поверуваа во лагите на кметот Муртинхаузен. Колку им требаше на шапшалите за да сфатат дека монструмот нема трунка совест и ни трошка чест и достоинство? Многу, премногу време за Македонија. Па дури и ден-денеска, кога дел од нив се освестија и сфатија колку ја заебале работата и колку не’ закопаа, истите кукаат и се вадат –„ Не излажаа, аууууф, лелеее, не измамија Заевци!“ Јок, глупави бевте, ко ноќ. Точка.

А, веројатно, дилајлата игра на картата на наводната македонска трисекундна меморија на златна рипка, денес едно, утре друго, задутре веќе сме заборавиле, а прекутре пак ќе играме и пееме?!?! Ајде бе, сиктер таму, не продаваш по навика расипани чушки во средина на вреќата, па да ти простиме и заборавиме, белјата е мнооооогу поголема…

Сепак, и сега гледајќи ги сликите од Монструм, Диво насеље и оние од посетата, гушките и селфијата на Заев во истото тоа кумановско „насеље“ саде три дена по грозоморниот масакр на бранителите и присетувајќи се на лагите кои некрофилот им ги кажуваше на родителите на егзекутираните момчиња од Монструм, се прашувам – па, дали сме бре нормални? Еден повтарач, алаш-вериш суртук искористи нечија смрт и убиства за да се направи фраер, излажа, бидна фатен во лага за сите случаи за кои лажеше и никому ништо? Па сега патолошкиот лажго пак се прчи дека пак имал „мнозинство“, ќе не средел со Бугарија, тој ќе не внел во ЕУ? Ајде интересџиите северџански, но дали сме сите ние здрави?

И после се’ што овој малодушен суртук направи и излажа, тие се’ уште „Че си го гласаат“, дотичното ликче во вечна оставка се’ уште е премиер и претседател на партија, а ние го трпиме и со куртоазија зборуваме за него по медиуми, за еден бездушен кооперациски лажго, на кој му дозволивме да смени име на држава, Устав, да донесе двојазичност, човече кое и во моментот национално, здравствено и економски не тлачи и закопува со секој Божји минат ден на власт…

Искрено, одамна не ме интересира каде ќе им одат душите, затоа што очебијно ги немаат. Повеќе од јасно е каде ќе завршат, а уште појасно е зошто северџаните не сакаат историја. Бадијала, учебниците ќе се вратат, а колективната меморија не можете да ја избришете. Создадовте едно канибалско чудовиште од држава, систем кој полека но сигурно ги јаде недоносените „деца“ на шарената ви суртук-револуција, хибридно, незграпно и шашаво северно управителство кое наликува на чудовиштето на д-р Франкенштајн. А заостанатите во наобразбата на втората страница од „Зоки Поки“ забораваат дека на крајот, уништувајќи се себеси монструмот го уништи и својот создател и господар. Сега е на апарати, а во инфузијата има алтернативи, воени авиони и датуми. Сепак, црпнат или не, дал оставка или не, се сокрил или не, народот почна да „бара“. Враќање назад нема. А ако има, ќе не нема…