вторник, 30. јануари 2024. Вести денес: 0
home Храна и пијалаци

Воздушести, меки и неодоливи: Мини палачинки со сирење готови за час (РЕЦЕПТ+ВИДЕО)

Воздушести, меки и неодоливи: Мини палачинки со сирење готови за час (РЕЦЕПТ+ВИДЕО)

Ако немате идеја што да подготвите наутро – ви претставуваме брз рецепт на кој нема да можете да му одолеете

Во палачинките уживаат сите генерации, а на високи температури тешко е да се застане покрај врел шпорет и да се пржи. Затоа ви претставуваме рецепт за мини палачинки кои се прават многу побрзо. Подеднакво се вкусни и во солена и во слатка варијанта.

Состојки:

500 гр свежо сирење

2 јајца

1 лажица шеќер

3 лажици брашно (или гриз)

прстофат сол

масло

Подготовка:

Сите состојки убаво измешајте ги додека не добиете хомогена маса. На чиста работна површина посипете малку брашно. Обликувајте подебели палачинки.

Загрејте го маслото во тава на средно висока температура, па пржете ги од двете страни. Послужете ги со павлака, кајмак, џем…