четврток, 9. ноември 2023. Вести денес: 0
home Храна и пијалаци

Зрната кафе можат да бидат многу здрави: Еве ги неговите интересни нутритивни придобивки

Зрната кафе можат да бидат многу здрави: Еве ги неговите интересни нутритивни придобивки

Да, можете да ги јадете зрната кафе, а тие можат да ви обезбедат различни придобивки

Денес е речиси невообичаено да се види цело зрно кафе, бидејќи кафето најчесто се консумира мелено, за подготовка на омилениот пијалок на многумина. А всушност, сè што денес ќе помислиме за кафето потекнува од конзумирањето зрна.

Кога ќе јадете цело зрно тоа може да направи многу повеќе од свареното кафе на кое сме навикнати денес. Кафето што го пиеме, всушност, е исто како натопени зрна, бидејќи сè најдобро и најздраво од него е во талогот, пренесува “Thecoffeemaven.com”. Вареното кафе извлекува околу 80 проценти од протеинот од самиот зрно. Што треба да знаеме за зрното кафе?

Дали е безбедно да се јаде?

Да, безбедно е, но тоа не значи дека треба да земете грст кафе, бидејќи тоа веќе би било загрижувачко. Иако се безбедни, зрната кафе се богати со кофеин и киселина. Кога се консумира прекумерно, кофеинот може да направи да се чувствувате премногу нервозни и да предизвика мачнини, додека високата содржина на кафе може да го вознемири вашиот стомак.

Најдобар извор на антиоксиданси

Антиоксидансите се соединенија кои природно се наоѓаат во овошјето и зеленчукот. Тие можат да го намалат ризикот од рак, губење на видот и други здравствени проблеми, а кафето има дури шест различни антиоксиданси, вклучувајќи ги витамините Е и Ц.

Придонесува за подобрување на меморијата

Ова е и причината поради која кафето е во секојдневните рецепти на повеќето студенти. Спроведеното истражување покажало дека после 200 милиграми кафе во текот на учењето, студентите значително подобро запамтиле многу информации.

Ги ублажува воспаленијата и болките во мускулите после тренинг

Според истражувањата, воспалението на мускулите се намалува и до 47 проценти по конзумирање кафе. Лековите против болки ги намалуваат истите за околу 30 отсто, вели истиот извор.

Половина помалку калории од кикиритките

Кикириките се верен придружник на диетите, бидејќи се познати по својот нискокалоричен состав. Но зрната кафе ги надминуваат во тоа. Иако кафето има помалку протеини, доминира со сите други елементи.