сабота, 18. ноември 2023. Вести денес: 0
home Храна и пијалаци

Кога немате време, згответе го ова: Кремасти и неверојатно вкусни тестенини на кои никој не им одолева

Кога немате време, згответе го ова: Кремасти и неверојатно вкусни тестенини на кои никој не им одолева

Состојки:

1 пакување тестенини по желба
200 гр печурки
150 гр крем сирење
100 гр шунка
1 лажица рендан пармезан
2 супени лажици маслиново масло
1 праз
1 чешне лук
1 лажичка свежи листови босилек

Подготовка:

Празот исечкајте го на прстени, печурките на кришки, лукот ситно, шунката на коцки. На зејтинот се ставаат празот и две лажици вода, се посолува по вкус и се динста покриено пет минути на средна температура додека да омекне. Додадете печурки и лук, динстајте три минути. Сварете ги тестенините според упатството на пакувањето, исцедете ги. Измешајте го сирењето со празот и печурките, додадете една чаша вода за варење тестенини за да ја добиете саканата густина на сосот. Додадете ги шунката, босилекот и пармезанот и измешајте ги тестенините.