Во време кога Македонија е сарадисана од сите страни и со сите сили се бори против прифаќање на бугарски диктати со комуњарски амин, спроведување антимакедонски преспански капитулаци машносани од Заевци и се спрема за силна битка со албанската мафија скриена на Мала Речица, горенаведената засегната тројка-извршител го сврте телефонот и го повика „пријателот.“
Класика. А малку се расчисти небото над Македонија, секогаш ново „ѓубре“ го затскрива погледот. Овојпат, и буквално и фигуративно…
За да, не дај Боже, некој не се зафати со криминалот на Дрин или со пробугарските глупоштии на Таче и за да не престане Македонија од Бехтел и Енка да стенка, за секој случај се јави ДА-НЕ-тра-ла-ЛА, и не така скриениот локален адут во ракавот на централната власт…
Опозицијата, буквално, ора на терен, Таче се самозакопува со секоја нова ступидна изјава, на Ахмети „му врие крвот“ од внучето кое катадневно му го открива криминалот, Груби нежно го гали рушветот од Коридор 8, Заев води војна со Австрија која му ги обелоденува апашлуците… Сето ова во комбинација на редица анкети во низа кои велат дека опозицијата „ја мачка на леб“ власта со разлика од 2:1, комбинирано со незадоволството на 85 насто Македонци кои ни на крај памет не прифаќаат внос на Бугари во Устав и две третини граѓани кои во пет анкети по ред велат дека одиме во лоша, катастрофална насока е доволна причина за вклучување на алармот на Бихаќка, сега синхронизиран со Мала Речица.
Уплав завладеа, криминал ќе се разоткрива, тик-так, тик-так, месеци до паѓање од власт, а сите властодршци сосе фамили засегнати од злодејанијата. Најбитно, пискотници се слушнаа и од Муртино до Виена, па од Зајас до Тирана. Црвениот телефон заѕвоне, крајно време е е за дигресија, дефокусче и нова тура „магла„ за затскривање на направените криминали, идиотизми и глупоштии.
А, затоа што во оваа „влада“ Командантот решава, тој на Артан му рекол што да му пренесе на Ќуран. Крако и јасно. „ФКЉУЧЕТЕ ГО ДАНЕЉА“…
И би драма. Горенаведената, пак, го вклучи копчето на својата послушна, исто така пребегуша, од Комунална нехигиена, па го пушти на најјако и директорчето од Дрисла. Остатокот го знаете. Скопје се гуши во смет, скопски градоначалници сами се организираат да спречат смрдеа и не дај Боже, некоја епидемиичка од неа, а „драма-квинот“ Да-не-тра-ла-ла сипа ли сипа песок во до вчера сојузничката осовина, удира по човекот кој најмногу и пречи на власта, води војна со македонската опозиција и ја каља, плука, руга и „хистерише“ ко навиена.
Мислите дека ова е случајно?
Јок, поверојатна е дефиницијата на случајноста според која таа е моментот кога не гледате јасно кој ги движи конците на марионетата која е на сцена. Марионетата, пак, сега да ти била носител на името кое е само по себе парадоксално, составено од Афирмација/Негација/Потпевнување. Кумот да ти бил на висина на задачата.
Уште една потврда дека ништо во животот не е случајно. Искуствено, ова е пак само уште една, нова потврда на онаа старата, кооперациска констатација.
„ЃУБРЕ СИ Е ЃУБРЕ.“
Дефинитивно…