Колку си понепознат, подилајла и посуртук, толку си поподобен за висока позиција во северната влада. Се прашувате зошто? Не, затоа што зевзечкиот рецепт е ачик јасен. Така, со демек „нови лица“ Заевите пулени и избраници си купуваат време, нови дни и месеци додека збунетиот народ не сфати со каква послушна и „насадена“ дилајла си има работа. Полека , но сигурно, Македонија станува земја во која северните анонимуси се на цена и сцена, барана роба за една политичка употреба. Кондом ко кондом, нели…
Сетете се само на Таче, црпнат пустиот од финансии, паднат од Марс (поверојатно Венера) лик за кој се’ уште и ден-денес никој не знае кој е, но сите знаат зошто е. Тука е и анонимната есдеесовска правничка, која Богати, стана уставен судија, а соселанецот безимен на Ахмети ќе раководи со обвинителство за организиран криминал? Ццццц, ќе ве зачуди нешто нормално, а со неизживеаните и неинвентивни Тачевци го живееме ефектот и феноменот на Катица Јанева, онаа госпожата со просек 6 и IQ22, малу понизок од лидерот Црпко кого го красеше IQ33, толку соодветно на неговите кирилични иницијали. Онаа која направи ршум во обвинителство и судови, толку специјална што испадна и ненаситен арамија, оти толку и сечеше..
Да, ова е македонско чудно време-невреме во кое стана ненормално да сте нормален, лета Господови кога со носење скафандер станувате министерка, преку терање до балчак црна кампања заслужувате да бидете прв човек на одбрана на држава, забегани години кога за награда за уништување земјоделство затоа што некому сте многу мил го водите истото, а преку тендер-мафија имате изим да раководите со полиција и МВР? Примери милион, логика нула, ама тоа бил, е и ќе биде тертипот на црпнатата, антимакедонска влада, банда ли беше.
Се’ што треба да имате и поседувате за успех во милата ни Македонија е несветото комуњарско/северно тројство. Многу амбиција, малку мозок и да сте опериран од македонштина. И така, во „северна“, небото ви е граница!
Македонија, новокомпонирана земја на ќурани, орли и муртински зајаци. Кој од кој поинфантилен и со тоа поподобен за успех во забегната северна прикаска, која претполага недостиг на скрупули, национално чувство и огромна желба за правење пари. По секоја цена…
Да, сфативме дека присуствуваме на смена на довчерашните ислужени кловнови, па Заев е заменет со Ковачевски, Русковска со детето на Алија, Славјанка ја „мења“ Рада, Стево се менува самиот себеси, а Црната Бисера не ни знае кого до Бога менува. Нова генерација северџганистански поданици кои „оком и скоком“ ќе ја бранат непостоечката неолиберална кауза, заслепени од функциите кои ниту ги заслужуваат, ниту некогаш сонувале дека ќе ги извршуваат. И, не, не им завидувајте, не им е лесно во кондурите со 10 пати поголем број, ама ич. Амбицијата е едно, ама си знаат каде припаѓаат, што прават и што ги чека. Така што, не е убаво да бидете во нивната руба, уште помалку во нивните празни главчиња, преполни со партиски фрази и директиви…
И сега? Епа, сега кога сконтаа северџганистанците дека немаат 2/3 мнозинство за смена на Устав и за да со песна да внесат Бугари во него, е сега го прават она што најдобро и единствено го знаат. Го практикуваа нон-стоп по „надвор“, а сега и по дома. Коленичат и молат, безрбетно кукаат, лелекаат, глумат Македонци и плачат: АМААААН, „БРАЌА“ ВРЕМЕ Е ЗА ОБЕДИНУВАЊЕ!!!
Чек, чек, како рековте, ОБЕДИНУВАЊЕ ли?! ! Со кого бре, со вас??? Со суртуци кои сменија име на држава без глас на народ да почитуваат? Со оние заради кои разни белосветски шалабајзери не’ нарекуваат „северомакедонци“, а тие молчат ко онакви под кошула? Со дилајли кои воведоа ступидна и тотално неаргументирана двојазичност, на која се спротистави дури и една Венецијанска комисија ли? Колаборација со ајвани кои сменија и Прембула на Устав и го извадија АСНОМ за да не’ навредуваат Бугари, сакатејќи не’? Со опортунисти кои ни ја продадоа придавката МАКЕДОНСКИ ли!?!? Сервилни интересџии кои ќе ме убедуваат дека Илинден и Гоце не биле само наши?!?! Да се обединам со некој кој лаже-суши дека ми го зачувал ЧИСТИОТ македонски јазик?! Со шутраци кои склепаа индолента територијална поделба?! Со дезертери кои ко ѓавол од темјан бегаа, бегаат и ќе бегаат од одбрана на татковината? Со оние кои ми сменија знаме и идентитет ни „зацементираа“, со нив да шурувам? Со лукративци кои ги задолжија и нашите правнуци? Со северџганистанци кои се срамат да кажат МАКЕДОНИЈА? Ликчиња кои како со гумичка ги избришаа и се откажаа од моите браќа и сестри во Егејска и Пиринска? Со апаши кои ја испокрадоа државата, кутнаа на колена здравство, руинираа образование? Манипуланти кои уништија фабрики за да потоа ги купат истите? Со ликови кои се потсмеваат со патриотизмот и љубовта кон Македонија. Црепови кои се кријат под фустан кога Бугари ликуваат и прават зулуми во 2022-ра година по Битола и Охрид? Неолиберални чеда кои се откажаа од татко и мајка и имаат родител 1 и 2? Со лукративни акрепи кои немаат проблем да ја сменат мојата историја, хохштаплери кои со насмевка уринираат по гробовите на нашите предци, светци, револуционери и дедовци? Зборувате за некакво си обединување со Едиповци со Електра комплекс кои и ебаа мајката на сопствената ТАТКОВИНА?!?!
А пораката во суштина гласи: „Аман, обединете се со наС за да останеме на влаС!“
Абе, ајт, сиктер таму. Обединување со вас значи и преземање на вашата вина, забеганите антимакедонски идеи и нихилистички неолиберални злодејанија, а поистоветување со вас е можно само откако ќе се извините за сите зулуми кои му ги сторивте на македонскиот народ. Кога ќе плукнете на СЕВЕРНАТА глупост и ќе признаете дека згрешивте, бескрајно. Кога ќе кажете МАКЕДОНИЈА…
Ок, знаеме и дека тоа никогаш нема да биде. Немате ниту трунка храброст, срам уште помалку, ни малку доблест, ни трошка национално чувство за такво нешто. Нити некогаш ќе ги имате. Тоа е јасно ко ден. Не Дончев.
Симптоматично или не, но времињата се менуваат, а саде едни поданици остануваат исти, небаре клонирани и препарирани. Да, крајно време е истото тоа време да ги прегази. А, ако не тоа, тогаш некој друг.
И не, не очекуваме конечно да сфатите дека е подобро и полесно да издадете книга, отколку својата татковина…