вторник, 7. ноември 2023. Вести денес: 0
home Колумни

Кој лаже, тој краде…

Кој лаже, тој краде…

Додека општинскиот одбор на СДСССС, предводен од Цаца, се спремаше да тера бугарски уставни измени во Македонија, Артан го правеше она што најдобро го знаеше. Лажеше, сушеше, се чаламеше и муљаше.

Не бадијала, новата народна поговорка гласи: „Кој лаже, тој краде, пари врие и во министерство за политички систем спие.“ А, кога не спие, во истото тоа непотребно министерство игра фудбал или баскет со побратимите. Останатиот дел од денот смислува како да го оправда најлошиот, најбезвезниот и најзабеганиот договор во историјата. Оној со Бехтел и Енка, чиј координатор е токму Груби, толку нежен на летање орлиња и уште понежен на чување на тронот на Алија.

Многу, многу, и не се мачеле. Затоа, оделе со проверен рецепт, а некој бил против ДУИ, тендери, богатење, кршење закони и нечија забеганост, удирале на антиалбанштина. Не било битно кој, рецептот бил тој. Веднаш од него создавале антиалбанец и лик кој се противи на одамна и преголемите права на народноста чии дуевисти како посебна елита  уживаат во позитивната дискриминација во Македонија. Како и секогаш, потпомогнати и поддржани од одродената банда на СДССССС, која одамна не е македонска…

Прво, на оваа евтина прекуокеанска финта за нечија непостоечка обесправеност, им „текна“ кога „огнените“ распалија против деспотизмот во ДУИ, а две телевизии се дрзнаа тоа веродостојно да го пренесат. За жал на Алфа и Телма,веќе утредента беа жигосани како непријатели на Албанците. Треснато „без везе“ и  тотално неаргументирано, ама кажано од седоскосиот Али, чие пуленче е и целта на огнените дуевци. Ок, некоја ТВ екипа можеше јако да го јаде стапот на терен поради непромислената одбрана на Груби од  „командантот“, ама прикаската мина незабележана од „меѓународна“. Да беше во времето на ВМРО, ќе имаа итен прес пред влада, ама вака, мораа да го сочуваат македонскиот одрод во влада, па му простија и на албанскиот партнер. 1: 0 за Артан..

Второто, кога истата таа ВМРО-ДПМНЕ аргументирано пренесе  дека братчето на Груби било многу нежно на купување милионски имот во најцентарот на Скопје по га-га цени, се случи втора употреба на проверениот рецепт. Пак, опозицијата беше антиалбански елемент. Не биле против Груби,туку против секој Албанец кој направил пари. Цццццц. Не беше битно што некој за 10 пати помала цена купил државен имот, неее. Битно беше дека тоа бил удар по имагинарните обесправени Албанци. Оние, во главата на Артан. 2:0 за Груби.

И така, Грубиевци заиграни во мал фубал по канцеларии и фатени дека ја ничкосуваат државата и народот во најбезобразниот случај со Бехетл и Енка, одиграа уште еден идентичен меч. Оти, поинаку и не знаат…

И пак, не беше битно што го кршат Уставот со ненормалната 60-часовна работна недела, уште помалку што грото работници ќе бидат од Пакистан, Сирија и Авганистан, најмалку што ако не им овозможиме да воведат робовладетелско општество ќе платиме десетици милиони отштета, ниту дека ако тие не завршат на време, Македонците ќе им платат ним, а правдата за прекршоците ќе ја пресуди некој судија во Лондон. Јок, тоа не беше битно…

Битно, според Артан и компанија, е дека сите што укажеле на ова биле против Албанците?!?!?! Замисли, овада ти бил „албански проект“?!?!?! Демек, саде Албанци ли ќе се возат до Албанија и до Бугарија? Македонците, Србите, Власите, Ромите, Турците и Бошњаците не ли знаат да возат во тие правци? Ним не им се оди на Јонско или Црно море? 3:0 за Артановци.

А, сето ова следуваше откако фудбалерите на Артан  и бандата на Таче сфатија дека првиот обид за претставување на логичниот револт против најзабеганиот договор како антиамерикански (поради Бехтел), испадна повеќе од статива.

Ало, Артановци и Тачевци/Заевци (првиот е вистинскиот премиер), олабавете се. Никој не е против патишта и коридори. Освен вас. Народот е против ступидни и штетни договори, а вашата умешност за градба на патишта и што било е надалеку позната. Доказот е во двата метри пат/автопат што ги изведовте минативе 6 години. Оние на ВМРО не се „рачунаат“. Арти и Ќуран, всушност, сега викаат ФАТИ ГО КРАДЕЦОТ! Проблемот е што сите знаеме кои и каде се скрасени арамиите..

Туку, знаете ли зошто крадците не ги ограбуваат/пељешат домовите, автомобилите и имотите на врхушката на ДУИ и СДССССС????

Се вика професионална солидарност. Лопов од лопов не краде…