среда, 15. ноември 2023. Вести денес: 0
home Колумни

Командант Скопско и епидемијата на мајмунски работи

Во Македонија, петта година имаме ЕПИДЕМИЈА НА МАЈМУНСКИ РАБОТИ.  А вакцината не била ни од фајзер, ни од Џонсон, Спутник ни Астра Зенека. ВАКЦИНАТА ја измислил МАКЕДОНСКИОТ НАРОД. Се вика ПРЕДВРЕМЕНИ ПАРЛАМЕНТАРНИ ИЗБОРИ. Имала сто проценти учинок во справувањето со македонската епидемија на мајмунски работи во изведба на Заевци, Алиевци и компанија. Не, не требала ни втора доза, бустер уште помалку...
Командант Скопско и епидемијата на мајмунски работи

Велат, еднаш „командант“, секогаш командант. Лошо било кога поради пријателството со одредени пијалаци, името ќе ви го сменат во Командант Скопско, ама забеганата желба манијакално да се контролираат и командуваат тие „под вас“ останувала вклучена на најјако. Билe неписмени терористи или македонски пратеници, помалку важно. Потврдено, короната заминува, а ова е само нов пик  на епидемијата мајмунски работи, не сипаници, заевдемија која ја трпиме веќе петта година..

Предводник во мајмунските работи (светски синоним за нечесни дејанија) стана спикерот кој поради своите црни бисери, секогаш ќе остане само спикер. Ова  е епидемиолошки пик на „најдобриот спикер“, што би рекол Мисовски, човече кое покажа дека ова оксиморонско микро владејачко мнозинство е подготвено да „јаде“ и клоци и да биде тепано со некастрен стап, ама и натаму ко навиено ќе вика: „Таљо е најдобар, Таљо е цар!“… Не, не се само мазохисти, тоа е башка, двигател им е пустата, забегана желба за власт, која многу добро знаат дека не ја заслужуват, која ги тера пустите нон-стоп да го прават она што најдобро го знаат – ВИТКАЊЕ КИЧМА. Да, кичма, оти наследниците на удбашите и ознашите за рбет никогаш и не чуле. Нити го имале…

Првин ги пцуеше, потоа ги заклучуваше, ама мазохистичките северџани си молчеа и се кикотеа, среќни-пресреќни што уште се на власт. А власта значи моќ, тендери и рушвет. И сето ова свето за нив тројство само за едно пцуење, омаловажување, човечко деградирање, газење и заклучување? Ццццц, мала цена за „успехот“ на Заевци и компанија. Ве тера да се запрашате – што е следно? Се’ е следно, оваа банда нема усул, уште помалку срам, чест, гордост и достоинство. За нив, ова буквално и фигуративно се апстрактни именки…

Очекуваме, каде и да е, Командант Форина да почнат да го носат на златен трон по собраниските ходници, ама со 5-6 есдеесовски пратеници-гавази под него, ѓоамити Нерон. За да сликата биде поцелосна –  други три-четворица робови го ладат со пердуви, рестото фрла ливчиња од рози каде оди и му целива и  мие ножиња,  а госпожите пратенички од микро-мнозинството разголени скокаат околу него и му прават разни метании, го појат со пивце и винце. Се разбира, ху-баба-ху со силен поклон му изведуваат на доаѓање и заминување…

Се’ што треба ќе направат, нема граници, само и само да се на власт. Не дај Боже Таљо да им се налути,  а со него Артан Нежни и седокосиот Алија, пу-пу-пу, тоа е кошмарот за бандата на Заев. Па што? Кога му се може, чуму да не аздисува командантот. Исто ко и Петков и Радев, слично како Мицотакис. Она, кога имате на сиџимче ајвани кои беспоговорно извршуваат зададени задачи и се во уплав да не траснат од власт, затоа што знаат што потоа ги чека. Пуста навика и генетика…

Можеби, во меѓувреме, командант Скопско, екс Форина, и ќе сфати дека веќе не е командант на неписмени ајвани од УЧК, дека како прв човек на Парламентот е еден од најважниите луѓе по статус во државата и такво сељачко и кочијашко „понашање“ не му прилега, дека во светот претседатели на собрание не пцујат и заклучуваат пратеници, дека аздисот и ароганцијата се непримерни за позицијата, дека работата тотално забега…

Ајде, да не се лажеме, тоа во некој друг паралелен свет или друг живот. Во оваа димензија и живот, Таљовци секогаш ќе бидат команданти, Алија нема да зборува македонски, Артан ќе тепа македонски деца по Кале, а Заевци, Ковачевци, Мисовци, Шеќеровци, Спасовци, Николовци, Маричиќи и останата сервилна банда ќе скокаат околу нив насмејани и ко мали деца. Тоа е непроменлива константа, само таму има континуитет оваа влада. Ок, како и во забеганото уништување на идентитетските одредници, економскиот колапс, здравствената бездна, образовниот кијамет, безбедносниот дебакл, земјоделскиот крш итн. итд. и др.

Време е за промени, крајно. А, ако мислите дека Заевци не ги лази мува, само видете како лесно се повикуваат новинари на информативни разговори и политичари се судат што рушеле дивоградби. Во Северна Кореја било потешко. Страховладата презентира страховладение? „Чудна ми чуда“, оти велат дека така крајот мириса, со покажување мускули и ширење страв. Комуњарска превентива.  А тука е и оној наследникот на Филипче, Филипчо Втори, Мехмедовиќ ли  беше, кој не’ плаши со мајмунски сипаници. Не му е лесно, наредба е наредба. Само што утнаа, ова  одлично им прилега, им стои „ко саливено“, зборуваме за власт која е позната саде по мајмунските работи. Друго и не знае…

Во Македонија, петта година имаме ЕПИДЕМИЈА НА МАЈМУНСКИ РАБОТИ.  А вакцината не била ни од фајзер, ни од Џонсон, Спутник ни Астра Зенека. ВАКЦИНАТА ја измислил МАКЕДОНСКИОТ НАРОД. Се вика ПРЕДВРЕМЕНИ ПАРЛАМЕНТАРНИ ИЗБОРИ. Имала сто проценти учинок во справувањето со македонската епидемија на мајмунски работи во изведба на Заевци, Алиевци и компанија. Не, не требала ни втора доза, бустер уште помалку…

Ништела мајмунлуци од прва, а нус-појави на вакцината било враќање на Македонија кон вистинските вредности, одземање на играчката власт од рацете на антимакедонски дунстери и привремен престој на истите во установи со високи ѕидини поради игрите со народната каса. Македонија едвај чекала да ја примени вакцината, дури и антиваксерите ќе ја примеле, со песна…

Дефинитивно, крајно време е за масовна ВАКЦИНАЦИЈА од мајмунски работи, антимакедонски дејанија,  Заевци, Алиевци и други северни глупоштии…