вторник, 7. ноември 2023. Вести денес: 0
home Колумни

Македонско ДА СЕ БИДЕ ИЛИ НЕ

Летото минативе 7 години е одличен период за антимакедонски дејанија на Црпко и неговите наследници. Очебијно, северџганистанците имаат проблем со постигнувањето на анационална работа температура, па жештините им годат на одродите во топењето на оној тенок мраз околу срцето, есенцијален чин за вакви предавнички чинови, мраз кој, замисли, дури и кај нив го има. Добро, Таче Црпков нема таков проблем. Кај него пустото го жега и боде во мешето кога го прави истото, нему тоа му е најбитниот дел од животот. Полното меше. Хамлет со черепот на дворската будала Јорик в рака, а Македонецот со предлог-измените на устав на дворскиот шут Ќуран...
Македонско ДА СЕ БИДЕ ИЛИ НЕ

Ако некој воопшто и се прашуваше дали уставните измени и вносот на Бугарите во него се добра или лоша работа, госпожа Захариева ги убеди и овие последни македонски Неверни Томи. Не, уставните не се лоша, туку катастрофална, поразителна, срамна и самоукинувачка „работа“. Добро, за некого од власта само уште една „работа“ и задача за одработување, за нас другите опстанок. Уставно интро во конечниот пораз за Македонија, чин по кој слободно можеме да си ставиме „клуч на врата“ и да го викнеме Чом да го изгаси светлото.

Што повеќе од  „уставните измени и не се голема работа за Македонија“ на Екатерина, нели. Дури и еден ултра национал-шовинист од Пазарџик како неа не вели дека се добри, супер ли, одлични пак, никако. Ок. Не биле „голема работа“?! Можеби не за Таче, за коњаникот Зечевиќ, уште помала за гурманот Маричиќ или Љупче Путерот, најмала за Цаци пред сала, патетичниот Џабир и армијата медиумски демагози. За Црпко, пак, тоа е трошка. Капка во морето антимакедонски злодејанија. Тоа е така само за една шака анационални, лукративни човечиња. За северните опортунисти, за нив тоа е саде убава шанса за нови успеси и нов „удолен“ подем во кариерата и животот. За сите нас останати, за „другите“, за над 90 насто Македонци,  тоа била, е и ќе остане огромна работа и колосална грешка, резил.

Значи, во превод, промената на уставот е срамен чин за сите оние кои имаат чест, образ и достоинство. За мнозинството граѓани. А, за одродите, одамна успешно оперирани од овие за нив непожелни чувства, кои само им пречат во кариерата на најуспешни корисни идиоти, ова е „мала“ работа. Ситница…

„Мала“ исто како и промената на исконското име, минорна како смената на знамето, малечка ко двојазичноста и вовед во федерализација, ситна ко територијалната поделба, беззначајна ко „краткото име“ во ООН, прашинка ко продажбата на историјата, колетерална штета ко раздавањето револуционери, светци, писатели и цела една плејада македонски борци за слобода, за Македонија.

Знаете, летото минативе 7 години е одличен период за антимакедонски дејанија на Заев и неговите наследници. Очебијно, северџганистанците имаат проблем со постигнувањето на анационална работа температура, па жештините им годат на одродите во топењето на оној мраз околу срцето за вакви предавнички чинови, мраз кој, замисли, дури и кај нив го има. Добро, Таче Црпков го жега во мешето кога го прави истото, нему тоа му е најбитниот дел од животот. Полното меше…

Ајде, за промена, едно лето ние Македонците да излеземе од оксиморонскиот „зимски летен сон“, онаа летаргија и хибернација во која сме фрлени минативе многу лета и да ја оправдаме големината на името кое од век и веков го носиме. Верувам во опозицијата, која машки и повеќе од една година успешно им одолева на канонадата странски притисоци, но не им верувам на суртуците од власта кои во безизлез ќе бараат некое подло чаре и нова антимакедонска дубара со која ќе се исперат пред „газдите“. Оти, поводникот им е ставен на најкусо, а штетник ко штетник, при давење знаете што прави…

Се сеќавате на шовинистичките и историско/национално арамиски говоранции на Радев и премиерот им бугарски на Илинден? Сефте така нападнаа и навасаа. За првпат така аздисаа. А тоа антимакедонистичко крешчендо е пред и без уставни измени. Само замислете што ќе биде ако попуштиме. Што ќе не чека во иднина?

Тогаш, е тогаш ние ќе бидеме поевтини и погреота и од оние што се продаваа за фамозната „една ч’рвена“. Оној период  за кој источните соседи и ден-денес ни враќаат…

Ова не е фраза, ова навистина е време на македонско „да се биде или не“. Прифаќање на уставни измени е вториот дел, тоа е „ИЛИ НЕ“. Хамлет со черепот на дворската будала Јорик в рака, а Македонецот со предлог-измените на устав на дворскиот шут Ќуран.

А се’ што треба е да издржиме само уште некој месец,  до избори, да ги симнеме бандитите криминогени од власт и да почнеме полека да си ја враќаме Македонија. Да. Ова е онаа мачна, стара прикаска за желката и зајакот. Северниве зајаци губат, со гаранција.

И пак ќе кажам, да, МАКЕДОНИЈА Е ВЕЧНА! Но, не е на одмет и ние самите да помогнеме троа, таква и да остане…