четврток, 16. ноември 2023. Вести денес: 0
home Колумни

Најлошиот трговец на светот

Најлошиот трговец на светот

Ог Мандино го има „Најдобриот трговец на светот.“ Македонија, пак, си го има Таче. Најлошиот трговец на светот. Без конкуренција и со северна тапија. Дилајла која кога продава, секогаш е во минус, човече кое милува така великодушно со секоја лоша продажба да даде и по една гратис македонска светија.

Кај фотоволтаичниот позер, продаденото секогаш е повеќе подарено, а бидејќи националното не му значи ништо, раздава ли раздава пустиот ко тежок грешник на Задушница кој се надева дека така ќе му се простат гревовите..

А, најдобар партнер во продажбата на македонските добра на мисирот (Ќуран) кој бил престолонаследник на еден зајак, му бил исто така еден престолонаследник кој  милувал да лета орлиња со рачињата. Нон-стоп. Оксиморонски или не, го викале Груби, веројатно оти бил многу нежен на купување државен имот по багателни цени за лукративни цели. Мисири, орлиња ли, живинки, кои сепак најдобро одговараат на ликот и неделото на Орвеловите дебелковци од животинската фарма.

Така, откако на дуото-престолонаследници им „тргнало“ со пробугарската продажба на индентитетските одредници кои пред нив дури ни Црпко не успејал да ги ували така евтино, сега соочени со сопствената преценетост и ќор-сокакот во испорачување уставни измени, решиле да го прошират опсегот на своето пазарџиско дејствување. Им текнало преку катастрофален за Македонија договор да делат државни пари на ангро, азно скриено во наводни пенали во писанието. Не какви било, тајни договори, ко што вели нежниот на албанштина Груби. Она, кога со наши пари правиш „тајни договори“ за кои од авион се гледа што е поентата.

Да не се лажеме, забеганиот и крајно лош договор со Бехтел и Енка е резултат на фактот што Таче одамна на сон и на јаве стенка знаејќи што го чека по избори. ОДГОВОРНОСТ се вика. Можеби непознат збор во речникот и дејствувањето на Тачевци и Грубиевци, наследниците на пајташите Зоки и Алија, ама збор кој создава голема нелагодност во нивните мешиња. Нервозните стомачиња на втората генерација северни користољупци и експлоататори на насила наметната придавка и устројство во Македонија.

Сега, соочени со траскање од власт без можност за меко атерирање, распашаните Таче и Груби со насмевка го даваат и она што никој не го бара од нив. Се рекламираат и перчат кај сојузници со народни добра, презентраат колку се добри, „умни“ и послушни, предочуваат дека никогаш и никаде, ни следниов милениум мајка нема такви да роди, дека никој нема да најде подобар и понаведнат „партнер“ од нив, дека нема посервилна банда која е поспремна да ја продаде и сопствената мајка само и само за да угоди, северна сурија која со ќеф и песна најбескруполозно и насмејано и во иднина без збор ќе ја черечи сопствената татковина…

Веројатно, никој од нив и не побарал толку катастрофален договор за Македонија, ама услужниот дует мора да покаже кој е кој и колку е подготвен безрбетно да коленичи, да ја понижи државата и народот. Аргументите дека компанијата секогаш имала работници што ’рмбале по 60 часа неделно и дека Груби, ако треба, ќе најмел Авганистанци и Пакистанци за да го изведат коридорот од кој реално, ќар ќе имаат само Бугарија и Албанија, држи вода колку и легалноста на струја-бизнисот на жената на Ќуран и синчињата на Заев и Ахмети.

Од друга страна, актите на Артан за кој е повеќе од јасно дека оваа држава не ја чувствува како своја, го сместуваат на многу подалечно место од врвот. Титулата „најлош трговец на светот“ без конкуренција останува кај Таче, кој неприкосновено и суверено владее со звањето. Со сето она што му го стори на сопствениот нардот во минативе година ипол, Црпко Втори  го надмина и својот гуру и идол Заев. Предводник на антимакедонската опортунистичка банда, зината за пари и без трошка емпатија кон чувствата на народот од кој, барем наводно, се изнедрил. Црна, ама богата овца, мисир ли беше, дел од едно големо стадо/јато лукративни, северни и неспособни стрвинари и хохштаплери…

И, не бадијала велат, ако сакаш да видиш што Господ мисли за парите, погледни наоколу.

Само погледни кому ги дава..

 

П.С.

Една од најпознатите мисли на Ог Мандино: „Секогаш кога ќе направите некоја грешка или животот ќе ви зададе тежок удар, не гледајте кон тој настан премногу долго. Грешките се лекции кои ги добиваме од животот. Како ќе дознаете колку е голема вашата сила, ако не видите тешкотии? Никогаш не се откажувајте! Ќе дојде и вашиот ред во животот.“

Да. Ќе дојде и редот на Македонија и Македонците…