понеделник, 20. ноември 2023. Вести денес: 0
home Колумни

Не Таче, Македонија е од врвен државен интерес

Стомачето, о’баче Таче, те боли затоа што не џвакаш кога голташ, не ќе да е од ножот кој демек  ти го распорувал кога не’ распродаваш. Малку да џвакаше, ќе сфатеше дека тие бугарски специјалитети кои ги голташ без заддршка, не се џвакаат, премногу се тврди, грди, антимакедонски, горчливи ко пелин и жилави како ислужен татаро-монголски коњ. Ама ти тоа не знаеш, пустиот, па лапајќи пари, провизии, помош од државата и тендери, навикнат на лапни-голтни принципот немаш гајле да проголташ се’ што некој друг ти сервира. И после ќе те боли мешето. Да и треба да те боли...
Не Таче, Македонија е од врвен државен интерес

„Уцени не прифаќам, членството во ЕУ е врвен државен интерес!“  свика патетично престолонаследникот Таче Црпков од владината говорница. Ајт бе, сиктер таму, му одговори народот.

Популистичкиот демагог кој со ништо во животот не заслужил да биде премиер, освен што е избор на монархот Заев, сега продава некакви северни утопии и илузии за да остане на власт и да продолжи да прави милиони од фотоволтаици и други криминогени приходи. И да, сосема разбирливо е што трајно неспособниот „премиер“ ќе кубе, гребе, каса и плука, ќе лаже, цепа, ќе суши пустиот Ќуран, се’ ќе стори за да ја оправда „ничим изазваним“ насила дарената доверба. Она, кога никогаш во животот не сте ни сонувале дека некогаш ќе бидете она што сте, место заслужено благодарение на вашата сервилност и безрбетништво, па ќе сторите се за да останете со својот „џек-пот“. И да, корисните идиоти немаат употребна вредност  ако не се корисни и доколку не исполнуваат. А, идиоти ќе си останат и така и така…

Дел од новата тачеидна демагогија е она што е старо колку и СДССССС. Она фаталистичкото: Нема друга опција, Македoнија мора и не може без ЕУ! Уште да свикаат: Аман, ако не го смениме уставот ќе не сменат, дајте бре луѓе за тоа сме поставени, мора да испорачаме!

Да, суртуци со Данинг-Кругеров ефект дарени, во ЕУ, ама како МАКЕДОНЦИ од МАКЕОДНИЈА, никако поинаку.

Инаку, знаат добро северистанците дека ќе завршат онаму од каде доаѓаат. Во заборавот, од медиокритетското дувло од кое се испилиле и во кое цел живот чмаеле користејќи ги на големо придобивките од партијата, таткото, мајката, чичкото, стрината, вујкото, дедото, братот, сестрата. Итн, итд и др. извори на комуњарска „лежи лебу да те јадам“ егистенција…

Така и сега, о’баче Таче ќе муља и ќе шири лаги и демагогија дека ако не го смениме уставот следува потоп, па ќе се фали колку тој бил за прогрес на државата, ќе лаже дека оа го правел за иднината, замисли за нашите деца Ќуран се жртвувал?! И со силна болка во распорениот стомак многу тешко му паѓало тоа што го правел??? Ццццц… Јок, не ќе да е така. Па нели со сменето име инстант влез во ЕУ не’ чекаше, ајвани?

И стомачето, о’баче Таче, те боли затоа што не џвакаш кога голташ, не ќе да е од ножот кој демек  ти го распорувал. Малку да џвакаше, ќе сфатеше дека тие бугарски специјалитети кои ги голташ без заддршка, не се џвакаат, премногу се тврди, грди, антимакедонски и жилави како ислужен татаро-монголски коњ. Ама ти тоа не знаеш, пустиот, па лапајќи пари, провизии, помош од државата и тендери, немаш гајле да проголташ се’ што некој ти сервира. И после ќе те боли мешето. Да и треба да те боли…

Туку, во целата оваа северна папазјанија и ЕУ демагогија која одамна не ви минува, треба да сфатиш и да сфатите сите вие северни одроди, дека фразата „ЕУ е врвен стратешки и државен интерес“ е тешка глупост и лага. Не може ЕУ да биде пред МАКЕДОНИЈА, мисир еден, МАКЕДОНИЈА  била, е и ќе биде најврвен стратешки интерес. А без МАКЕДОНИЈА, нема да имаме ни држава за да имаш стратешки, ДРЖАВЕН ИНТЕРЕС.

Затоа, во 2023-та основна, почетна желба на секој вистински МАКЕДОНЕЦ и секој лојален граѓанин на оваа прекрасна МАКЕДОНИЈА, чие име изродите со рејтинг од 9% се срамат и да го изговорат, е ПРЕДВРЕМЕНИ ПАРЛАМЕНТАРНИ ИЗБОРИ. Прво, да ве развластиме и полека да почнеме да ве испраќаме, дел во затвор, а друг дел во историјата која толку многу ја мразите од познати причини. Да, не’ чека многу работа во враќањето на МАКЕДОНИЈА и вистинските вредности, премногу работи и светии уништивте,  но од некаде мора да се почне.

А, дури и најдолгиот пат започнува со првиот чекор…