четврток, 16. ноември 2023. Вести денес: 0
home Колумни

СДСССС СВОЗ за спас на Таљо и тендер-коалиција

СДСССС СВОЗ за спас на Таљо и тендер-коалиција

Интересен феномен се случува во нашата чудесна Македонија. Неинвентивните комуњари, наследници на пропали удбаши и ознаши кои очајно мразат македонска историја, почнаа да се враќаат кон своите корени. Немукает и немање идеи? Да, во комбинација со евтини финти за спас на тендер-коалиција…

Така, поради најголемиот страв на еден северџан, кој се вика паѓање од власт, гледаме една стара направија, заборавена во времето. Омилена на Бихаќка. Вистински удбашки непребол. Се вика СВОЗ – „Сите во одбрана и заштита“, овојпат во вид на сеопшта акција за спас на спикерот и командант кој толку многу милува да пцуе собраниски административци и да заклучува опозициски пратеници. СВОЗ за Командант Форина, познат по ново и како Командант Скопско. Башка што неуставната групировка се случува во Уставен, демек суд…

Боливудското сценарио, кое на ден на поднесување интерпелација против командантот  треба да го покаже неверојатно „силното“  единство на сите неуставни фактори во државата, толку јако врзани за ликот и неделото на Таљо е само евтин ПИ-АР трик на Заевци, превентива за не дај Боже премислување на некој пратеник од владејачкото мнозинство. Парадоксална и неуставна презентација на унисоните северџански фактори во оксиморонскиот неуставен Уставен суд.

Интересна, монтипајтоновска збирштина.Значи, премиерот и престолонаследник  Таче кој не ни смее да биде премиер по падот на партискиот монарх и зевзек Заев, гушнати со Заевиот избраник и претседател Стево за кого половина народ е немиена стока без свое јас, судијката Лошила (Добрила секако не и одговара) наградена од истиот тој Заев за ненормалните, забегани казни за Уставобранителите и патриоти од 27 април – трио кое му целива нозе на спикерот и Командант Скопско за да докажат колку државниот врв е единствен, сложен и северџански унитарен?!

Искрено, во неуставното друштво фалат само уште Заев, Шеќеринска и Димитров за да бандата биде во полн сјај. Со сиот оној црн блесок со кој „блескаа“ во уривањето на Македонија.

А, можеби се збраа и за да си ги лижат раните и лечат модриците нанесени од Папата, кој пред викендот ги расшамара и расклоца за глупирањата со Бугарија???

Како и да е, да не беа толкави политички дунстери и да имаа поим од протокол, ќе знаеја дека тројцата „први“ луѓе на една држава, макар била и протекторат како Македонија во моментот, не смејат да бидат на едно те исто место во исто време. Од безбедносни причини, нели. Така е во светот, ама во светот на политикантските дилајли, правилата се поинакви. Во него „властродршците“ ќе се соберат, беспотребно ќе се изнавикаат Северна по осум пати во една реченица и со полна душа ќе си заминат по дома/кабинетите…

Талат може и да ги заклучи во истиот тој Уставен и насмејан да го фрли клучот, притоа пцуејќи му се мило ем драго на собраното трио поддржувачи, а тие и натаму насмејани ќе му целиваат нозе и пофални слова ќе му срочуваат. Оти поинаку, ќе траснат од власт, а тоа не смеело да се случи.

Само, бадијала целивките, неуспехот е загарантиран. Тик-так, тик-так, тик-так. Замислете само на кое дереџе се паднати Заевци кога остана една дезинтегрирачка Кацарска да ги обединува???

Да, велат дека така крајот мириса.

Во најава, „целивка“ турнејата на триото продолжувала со баци рака во Муртино, следна била Мала Речица…