Додека насмејаниот Петков се радикализираше и стануваше поголем Бугарин од Аспарух, софиските медиуми пренесуваа дека животната сопатничка на неговиот македонски колега Димитар Таче била Бугарка. Ок, ова може и би било некоја вест, доколку до сега о’баче Таче се покажеше како Македонец. Вака е 2:0 за Радев…
Истиот тој престолонаследникот Таче среде Чаир изиграваше Шверцер и навиваше за Шкупи насмејан и гушнат со Форина, Артан и Алија. Мора да признаете, на ликот кој така шверцерски и стана премиер на држава, улогата одлично му прилегаше…
Во исто време доктор Сали „прогнизираше“ Клинички центар кој би не’ чинел меѓу 150 милиони и милијарда евра (850 милиони евра „различе“ кое е зависно од тоа колку ќе им лепат рачињата), Грујо и Миле добиваа драконски казни за дивоградбата на Фиќо, а европските лидери Макрон, Шолц и Драги на Македонија и’ токмеа евроинтеграции според украински рецепт.
Не, не со војна, туку со „џек-пот“ награда за маките наречена „ајт сиктер у периферија“, погранична испостава ли, нешто за 13-ти прасиња и непосакувани, непланирани дечиња. Современи Ускоци, француска измишљотина за „утешна награда“ на недоветните Балканци, Украинци, Македонци, Албанци и останата ситна, европска боранија. Можеби, кога ќе треба да менуваме историја, новата лага на билбордите на Заевци ќе биде: “За бесплатно здравство во погранична ЕУ. Во Тирана и Киев“. Во второто и со бесплатна шанса за брзо кратење на маките, трајно и засекогаш…
Сега, по 17 години кандидатски статус, 13 години стара ЕК препорака за преговори, сменето име на држава, Устав, преамбула, двојазичност и тендерско трпење на аздисани Заевци и нивните престолонаследници, истиот тој Брисел ќе не’ лаже дека се’ е тамам, дека припаѓаме во ЕУ си сите нишани и убавини, ама не бил моментот. Поради Украина…
Пак таа Украина. Пред седум години, едни шарени суртуци од една уште пошарена дееволуција ги практикуваа истите финти од киевски Мајдан, се сликаа со цвеќиња пред полицајците во кордоните, ги копираа слоганите, пееја и и исти песни, кршеа, фарбаа, ломотеа. Да, тогаш дури и Украина беше држава, а Македонија не беше протекторат. И што стана? 6 години потоа, учесниците во шарената дееволуција испаднаа мајмуни, државата веќе не е ни држава, ни Македонија, а стандардот, правдата, здравството и се’ друго отиде во амбис. УПМ, што би рекол спикерот, командант и дежурен пцујач Форина…
„Најголемиот“ им протест, оној за која лажеа дека биле 50-100.000, а светските медиуми (не само домашни) ги сведоа на реални 10 илјади (10.000 по 20 = 200.000 евра зијан), идиотштината која, демек, ја изродила шарената глупоштија. Го славеше дури и Заев, пишуваа сите суртуци кои се офајдија. Се јави и Забрчанец, ова била БУЛКАТА. Некоја шарена булка ли?!?!? Првата претпоставка беше дека исто ко и Заев и тој застанал со небразбата на Зоки Поки и „Булки крај шините“. Но не било така, во меѓувреме читале и нешто друго. Кама сутра, Вруќи кај и Канвас прирачници за рушење демократски системи…
И за изненадување, конечно, нешто погоди пустиот. Она, кога и ќоравата кокошка ќе клукне некое зрно, на тепка. Протестот беше БУЛКА. Точно. Само поената и симболиката ја утнаа, скроз…
Булката, барем во светот, е синоним за гробиштата на илјадниците паднати борци во светските војни, како цвеќе кое расне на нивните, огромни по површина, гробишта.
Да, можеби шалабајзерскиот протест кој ја изроди Шарената глупоштија и може да се нарече БУЛКА за Македонија, која оттогаш почнаа да ја уништуват и закопуваат, на секое поле.
Само дечки, носете се сосе булките. Шарени или не, сте се зезнале. Пирејот многу брзо ќе ги изџвака и свари вашите булки. Ок, можеби БУЛКИТЕ наскоро ќе раснат врз вашата северна и идиотските договори, а во саксии ќе можете и да си ги чувате во затворените институции во кои на општеството ќе му враќате за лепливоста на рачињата.
Булка/споменик за имагинарната и краткотрајна северна, може.
За Македонија, јок. МАКЕДОНИЈА Е ВЕЧНА!
А тие што не знаат, каде и да е, ќе дознаат…