Додека Груби по навика минираше се’ што е македонско, а Стево и Обиџуко даруваа крв откако му ја испија истата на народот, четвртата марионета на заминување, Ќуран, амнестираше нова тура криминогени гласачи и забега во филмот на „Војна на ѕвездите“, несвесно правејќи Фројдовски и инфантилни паралели со Дарт Вејдер. Луцидни, морничави и трагикомични акти од последната сцена на владините северни патрдии .
Реалноста е, сепак, дека нам не ни се случува Џорџ Лукас, најмалку „Војна на ѕвездите“, туку еден бааги помизерен, побалкански и помакедонски филм. Во тој филм, репликата до Ќуран би гласела: „Ало, кај кај џа (каде одиш) со умот бе Таче?“
Се сеќавате на култниот „Трст виа Скопје“, македонска ТВ серија со незаборавните ликови на Ванчо Петрушевски, Ѓорги Колозов, Ненад Стојановски, Мето Јовановски и цела една плејада доајени од актерската и режисерска сцена? А, кој не би се сеќавал на прикаската за шверцот на напатените деца кои преку/виа Скопје крадеа во Трст… Арно ама, сега шверцот и грдото сиже со години ни се повторува во реалноста, директно преку дилетантите од политичката сцена.
Новото македонско реално шоу се вика „ЕУро-виа Мала Речица.“ И ниту една поврзаност со реалните ликови од Мала Речица и Бихаќка не е случајна, за жал. ЕУРОВИА е фирмата која најпрво доби 1.8 милиони евра од Бугар Османи за „преадаптација“ на СЦ Борис Трасковски, за да сега бидне и главен подизведувач на „Бехтел и Енка“, „дил“ од кој Македонија ќе стенка и кука следнава деценија…
Во ова девастирачко реално шоу, главните улоги ги играт Димитар Ќуран Ковачевски звани Таче, Артан на кој не му треба прекар затоа што, како и да гледаш е ГРУБи, сиров и недоделкан, Стево наречен Стока, Оливер Обиџуко Спасовски, Цаци Салата, Љупче Путер, Чмаричиќ, Бугар Османов и армија други апаши и арамии желни за лесна пара, сите диригирани и контролирани од седокосиот командант Ахмети.
И додека во „Трст виа Скопје“ Рамче со Шина шверцаше деца продадени од сопствените родители за да крадат во Италија, во „ЕУро виа Мала Речица“ статистите Таче и Црпко ги продаваа сопствените предци и прошверцуваа дузина закони, договори, тендери, рушвети и редица други северни злодејанија. Проблемот е што преку овој „пат“, преку/виа Мала Речица – ЕУ/Брисел ќе ги видиме на „свети никад“, факт. И пишан и непишан. „Мало сутра“, што би рекол ајвароносецот Црпко Први.
Гревовите од ликови во „Трст виа Скопје“ трагаа по подобар живот и се самозаглавуваа во начинот на кој тоа го правеа и го „бараа“. Ние исто. Црковци уште повеќе. ЕУ виа Мала Речица е невозможна мисија, излажирана утопија за пролонгирање на македонската мака и за опстанок на Црпко, Таче, Алија, Груби, Османов и болументата околу нив. Во ЕУ не се оди со „балкански методи“, тој муабет Хан знае каде може да си го набие. Кога ќе не’ посакаат, ќе не’ земат, без пардон. Никој нема ни да не’ праша дали сакаме или не, ќе не тутнат таму сосе партали.
А, добро знаеме и уште подобро гледаме каде не доведе лагата за подобар живот. Се’ во животот и светот се заработува со работа, идеи, визија, пот, крв и мака. Ништо не се заработува со смена и продажба на знаме, устав, име и историја. Тоа е чиста, глупандерска, евтина македонотопија. Со северен ветер во едра, бродот ќе ни стои во место, оти никој не сака неспособни, инфантилни и сервилни медиокритети во друштво, тоа се евтини прикаски за мали деца и за големи северџани.
Едноставно, ве тера да се запрашате, што е полошо? Рамчевиот шверц на деца или учеството на Филипче и Анѓушев во Модуларната трагедија, насилието на Шина и трговијата со младите или трговијата со биолошки цитостатици на директорите и министрите на СДС, молкот и амнестијата за донаторите на ДУИ во трагедијата во Ласкарци, Бочварскиот удел во нелиценцираниот автобуски скандал во несреќата во Бугарија, но и улогата на сите корисни идиоти во шверцот на Преспанскиот договор, забеганоста на виткањето раце и вратчиња за уставните измени во насилната северизација и идиотска смена на името, неаргументираната двојазичност, лажираниот попис, влада со гласање со две раце во 2017-та, невини патриоти кои со години на Божја правдина чмаат по зандани, ултра-забегани договори за НЕпријателство, па Француски договори без Ф во нив, та неуставни измени, СЈО идиотштини, рекети, комисии за историска продажба, лицитации со револуционери, херои, светци и што ли не. Списокот е долг, предолг…
И, додека сега јавно ве шамараат и силно дигаат на клоци менторите од ЕУ поради глупоста со суртучката само-амнестија со измените на Кривичниот законик, на сиот тој блесок нека ви „светне“ барем малку, запрашајте се дали сето тоа вредеше, аман? Дали сето газење на македонското достоинство сите овие години ви донесе среќа, полни ли ви се душичките празни и спиете ли мирно со полните џебови, а? Дали полињата со марихуана и со фотоволтаици ви се доволна компензација за изгубената чест, достоинство, име и образ? Или, никогаш не ги ни имавте за да ги изгубите, криминогени, неспособни дудуци…
Кога ќе размислите, ликот на Рамче е СТОПАТИ подоблесен од вас, северните властодршци. Тој е сиромашен, неук, несреќен човек, физички и психички малтретиран лик кој се фаќа за сламката наречена криминал за да направи „нешто“ во животот. Вие копуци, вие сте (голем дел, нејсе купени дипломички) и доктори на науки, деца од богати фамилии (најголем дел), блефери за чесност и правда (сите без исклучок). Рамче,барем, не се преправаше како вас.
На страна што Рамче, таков сиров, недоделкан и дете на улицата, кој на крајот се покаја и утехата/казната за делата ја најде во алкохолот, тој барем се’ направил сам, макар и криминално, забегано и вон законот. Вие ни тоа, истото злодело ко Рамче и „пута“ десет повеќе, североидни хохштаплери низаедни, немавте доблест ни сами да го направите, туку го изведовте благодарение на некој друг како подизведувачи. Друг, кој се надеваме, конечно сфати со каква криминогена и забегана банда си има работа…
Време е да си одите, крајно. Следната адреса е позната. Превентивно, бидете „ин“ и нарачајте си реновирање на ќелиите. А, ако не биде така, тогаш, ништо никогаш и нема да има смисла.
Аирлија оделца со пруги или аир да не видиме…