вторник, 21. ноември 2023. Вести денес: 0
home Храна и пијалаци

БРЗ И ЛЕСЕН РУЧЕК Направете тестенини на грчки начин (РЕЦЕПТ)

БРЗ И ЛЕСЕН РУЧЕК Направете тестенини на грчки начин (РЕЦЕПТ)

Кој сака да готви со часови на оваа топлина? Веруваме никој, а ве советуваме тестенините да ги подготвите на грчки начин. Послужете ги со бело вино и уживајте…

Состојки:

300 гр шпагети
чаша црни маслинки
250 гр фета сирење
две чаши шери домати
маслиново масло
малку свеж магдонос
една лажичка оригано
сол, бибер

Подготовка:

Сварете ги шпагетите во солена зовриена вода, според упатството на пакувањето.

Исцедете го и префрлете го во сад, заедно со четвртина шолја од водата во која се готвеа. Додадете изронето фета сирење, преполовени шери домати, маслинки, сол, бибер, магдонос и оригано, па сè убаво измешајте.