Палачинките за многумина се слатко кое нема конкуренција. Со малку какао во прав во смесата добиваат сосема нова димензија… Пријатно!
Состојки:
шолја брашно
25 гр путер
четвртина шолја какао во прав
третина шолја шеќер
една лажичка прашок за пециво
половина лажичка сода бикарбона
прстофат сол
малку цимет
поголемо јајце
шолја и пол млеко
џем по вкус
Подготовка:
Во поголем сад измешајте брашно, сол, прашок за пециво, цимет, сода бикарбона, шеќер и какао. Во друг сад измешајте ги јајцето, стопениот путер и млекото. Помешајте ги двете смеси, па оставете да отстои половина час. Во тава со малку масло испржете ги палачинките, па послужете ги со џем по вкус.
Уживајте!