петок, 24. ноември 2023. Вести денес: 0
home Храна и пијалаци

Десерт на денот: Домашен сладолед од кафе кој мора да го пробате

Десерт на денот: Домашен сладолед од кафе кој мора да го пробате

Сладоледите се нашиот омилен летен десерт, но секогаш се радуваме кога ќе пробаме нешто иновативно, бидејќи веќе имаме навикнато на класичните овошни и чоколадни сладоледи.

Подгответе го овој сладолед од кафе…

Потребни состојки:
3 децилитри сварено, па изладено кафе
150 грама индиски ореви
2 децилитри кокосово млеко
лажица какао во прав
лажица јаворов сируп
2 лажички екстракт од ванила
прстофат сол
чоколадо за готвење
лажица кокосово масло.

Начин на подготовка:
Пред да почнете со подготовката на сладоледот, ставете ги индиските ореви во врела вода 3-4 часа додека не омекнат. Пред да ги употребите, исцедете ја водата и измијте ги.

Во блендер ставете кафе, индиски ореви, кокосово млеко, какао, јаворов сируп, ванила и сол. Мешајте додека не добиете густа смеса. Истурете ја смесата во калапи за сладолед, по еден час додајте дрвено стапче и ставете ги во замрзнувач 6-8 часа.

Пред послужување, растопете го чоколадото за готвење со кокосово масло. Кога ќе го извадите сладоледот од калапите, потопете го во стопеното чоколадо и наросете парчиња чоколадо и кокос.