понеделник, 20. ноември 2023. Вести денес: 0
home Храна и пијалаци

Џин-тоник со кафе, совршен коктел за крај на работната недела

Џин-тоник со кафе, совршен коктел за крај на работната недела

За многумина почетокот на денот е незамислив без кафе. Но, кога ќе дојде крајот на работната недела ви предлагаме да се опуштите со џин-тоник, но во комбинација со кафе.

Мешавината од алкохол и кафе не е ништо ново, но верзијата со џин и тоник е нешто посебно и различно. Се што ви треба е кафето што вообичаено го користите, џин, тоник и зачин по вкус. Најдобро би било да користите еспресо, кое е одлична основа за вакви коктели, но одлично ќе делува и со инстант кафе.

Состојки:

30 мл џин
60 мл тоник
50 мл кафе
2 големи лажици мед
цитруси по желба
неколку коцки лед

Подготовка:

Подгответе кафе по желба. Додека кафето е топло, додадете мед. Кога медот ќе се стопи, додадете неколку коцки лед во кафето. Наполнете соодветна чаша со лед и подгответе џин-тоник. Постепено истурете го кафето. Додадете зачини по желба.

Неколку капки лимон ќе ја поткренат оваа комбинација на следното ниво.